Пријателски шаховски турнир за млади во Крива Паланка

shah
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со повеќедневни шаховски партии во рамки на пријателскиот шаховски турнир што се одржа на отворено, во градскиот парк во Крива Паланка, Европската куќа Крива Паланка го одбележа светскиот ден на шахот, 20 јули.

-Шахот не е само игра, претставува ментална вежба која го поттикнува и изострува стратешкото размислување, го ослободува внатрешниот гениј на играчот. Со секој потег се градат животни вештини, а концентрацијата и меморијата се подобруваат. Светскиот ден на шахот го одбележавме во повеќедневни активности поврзани со оваа игра стара над илјада години, информираат од Европската куќа Крива Паланка.


Во рамки на одбележувањето, најпрвин се одржа работилница за деца и почетници во која младите имаа можност подобро да се запознаат со шахот под менторство на шахистите од шаховски клуб „Крива Паланка“, по што се реализираа пријателски партии меѓу локалните велемајстори.

Шампион на турнирот на Europe House Крива Паланка е Лука Тодоровски.

Во 1999 шахот бил препознаен како спорт од страна на Меѓународниот Олимписки комитет, а од 2022 година шахот е на листата на изборни предмети во основните училишта во земјава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK