– Пожар избувнал кај депонијата во скопската населба Ново Лисиче денеска околу 13 часот, а по интервенцијата на противпожарните служби е ставен под контрола.
-Пожарот е редуциран, противпожарната служба интервенираше со три возила и сега е надвор од опасност за ширење, информираа за МИА од Противпожарната бригада на Град Скопје.
Со пожарот, како што посочија, се зафатени сува трева и стари гуми.