Левица: Компании блиски до Мицкоски и до СДСМ ќе градат бетонско чудовиште во Гази Баба

levica
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од крајот на 2021 година, кога опозицискиот бран резултираше со пораз на СДС на локалните избори – го живееме времето на широката коалиција. Раководствата и функционерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ никогаш не соработувале повеќе и не биле поблиски отколку сега. Двете најголеми партии кохабитираат на власт.

Се чини, дека пред нас претстои уште едно крунисување на нивната плодна соработка, во доменот каде што тие се најсреќни и конструктивни меѓусебно – а тоа е градежништвото.


Имено, во општина Гази Баба, ќе се гради урбанистичко чудовиште од 50.000 квадратни метри – 16 згради со по над 10 ката, на простор поголем од ИстГејт мол – проект од кој ќе профитираат единствено фирми блиски до раководствата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а на штета на жителите на Гази Баба и Скопје.

Здружените фирми во овој бизнис подвиг, се познати имиња кои ги следат низа коруптивни скандали. Повеќе детали за фирмите до медиумите ќе пратиме преку партиско соопштение.

Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ после 7 години опозиција не бира средства да ја наполни партиската каса, додека за СДСМ овој ентузијазам на нивните пријатели од ВМРО-ДПМНЕ е добродојден, бидејќи им овозможува непречено одвивање на криминалните дејности.

Монструозните Детални урбанистички планови кои ги сервираат градоначалниците на ДПМНЕ, потврдуваат дека партијата никогаш не ги штитела народните интереси – туку работела само за интересите на олигархијата – и заедно со СДСМ им ја приредуваат мизеријата на жителите на Скопје и Република Македонија.

Прес-конференција на Амар Мециновиќ, портпарол на Левица

Политичка партија Левица 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK