Колева: СДСМ обезбеди повисоки плати во јавниот сектор и стави крај на должничкото ропство

koleva
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

22 јули 2023 

Почитувани,



Оваа седмица СДСМ донесе важни одлуки за граѓаните.

По цели 15  години, потпишавме нов Општ колективен договор за јавниот сектор.

Со овој договор платите во јавниот сектор во септември ќе се зголемат за 10 отсто, а сите околу 130.000 вработени ќе добијат и К-15 во износ од 10.000 денари.

Колективниот договор обезбедува и нова методологија за раст на платите од март 2025 година, а износот на К-15 ќе биде утврден на 30 отсто од просечната плата.

Во Собранието донесовме измени на закони со кои им излегуваме в пресрет на граѓаните кои со години се соочуваа со должничко ропство.

Со измените на законите за облигациони односи и извршување, ставаме крај на огромните камати.

Сега, каматата нема да смее да го надминува износот на главниот долг, а рокот за застарување на долговите го намаливме од 10 на 5 години.

Со тоа ставаме крај и на енормното богатење на извршителите врз грбот на граѓаните кои со децении беа заглавени во долгови.

Со измените на Законот за финансиски друштва, воведуваме ред и во таканаречените брзи кредити.

Од сега, трошоците за еден брз кредит не смеат да надминуваат 60 отсто од висината на кредитот, со што повеќе нема да има случаи за еден брз кредит од 10.000 денари, да треба да се вратат дури и 70.000 денари.

Додека парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги носеше овие законски измени, пратениците од ДПМНЕ и Левица не гласаа ЗА, со што уште еднаш потврдија дека за нив потребите на граѓаните се на последно место.

Ние, како партија, како парламентарно мнозинство ќе продолжиме да носиме мерки и решенија што се во интерес на сите граѓани.

Даниела Колева, пратеничка на СДСМ 

Центар за комуникации СДСМ 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK