Културно-уметнички друштва од Делчево и Пехчево наградени на меѓународен фестивал во Бугарија

igraorci_322342343
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Културно-уметничките друштва „Гоце Делчев” од Делчево и „Јане Сандански“ од Пехчево во изминатите неколку дена учествуваа на Меѓународниот фестивал Празници на морето – Лозово во Бургас, Република Бугарија. Двете групи за своето учество од страна на организаторот добија Грамоти.

-Културно-уметничкото друштво Гоце Делчев доби Грамота која организаторот ја додели на солистите Мартин Ристов, Вања Ѓеоргиевска и Ивана Ѓоргиева кои одлично се претставија на овој фестивал. Благодарност до организаторот за поканата и оваа година да бидеме дел од овој реномиран Меѓународен фестивал, како и до целиот наш тим предводен од доктор Билјана Ѓеоргиевска, истакна извршниот директор и кореограф Зенил Реџепов-Стручни.


За групата од Пехчево како што истакна Валентина Веселинска, директорка на Домот на култура „Јане Сандански”, ова е прв настап на Меѓународниот фестивал во Бугарија.

-Прв пат сме тука и со добивањето на Грамотата за учество и одлично претставување нашите играорци се презадоволни одлично претставувајки ја Македонската култура и фолклор под раководство на Никола Каракашов. Браво за сите играорци кои се претставија во најдобро светло, добија многу пофални зборови од домаќините, и добија Грамота за учество, истакна Веселинска.

Фолклорната група ,,Гоце Делчев” од Делчево турнејата ја продолжува со настап на повеќе фестивали на Балканот и во Италија, а на дел од нив повторно друштво ќе им прават и играорците од Пехчево.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK