Со изложба на уметникот Славко Упевче на 28 јули почнува годинешната Научна и уметничка визита на МАНУ во Охрид

ohrid_45353543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Културно-научната понуда на Охрид и ова лето ќе биде збогатена со повеќе содржини во рамки на годинешната „Научна и уметничка визита 2023“ што традиционално се одржува во Куќата на Уранија во организација на Македонската академија на науките (МАНУ).

Научната визита почнува на 28 јули во 20 часот, кога ќе биде отворена изложба на дела од колекцијата на Славко Упевче инпирирани од Свети Наум.


Во организација на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при МАНУ, на 10, 11 и 12 август ќе се одржи лингвистичка работилница насловена „Дијалектна обработка на македонскиот јазик“.

Одделението за лингвистика и литературна наука при МАНУ пак на 25 и на 26 август организира Конференција за кинескиот јазик, литература и култура.

Поетската средба насловена „Разговор со академик Павле Горановиќ“ е предвидена е за напладне, на 27 август.

Во рамки на програмата на визитата е и промоција на Издание посветено на научноистражувачката работа на академик Алајдин Абази по повод 80 години од неговото раѓање.

Научната и уметничка визита завршува со Охридската школа на природно право што ќе се одржи од 29 август до 2 септември.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK