Градската депонија во Велес изгасната, но сеуште под засилена контрола


veles_deponija_354534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Градската депонија за смет во Велес лоцирана над градот кај Штипско џаде, која се запали вчера попладне, е изгасната ноќеска со големо залагање на вработените  од ЈКП„Дервен“ и екипа на Противпожарната единица од Велес.

Екипите на Пожарната таму беа од 17,30 до 23 часот кога пожарот беше изгаснат. Сепак, екипи на ЈКП„Дервен“ и денеска го контролираат теренот внатре во кругот  на заградената  депонијата, која и денеска се уште чади.


Од ЈКП„Дервен“ за МИА информираат дека депонијата е под контрола од нивни екипи  и постојано се фрла песок со тешка механизација .

Целта е да се спречи повторно разгорување на пожарот, кој како и во изминатите лета  најчесто го предизвикуваат високите температури и  стакло, пластични шишиња  и друг запалив отпад фрлен на депонијата, а кој лесно се пали на топлото време.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK