Почина легендарниот џез пејач Тони Бенет

benet_@4423442
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Легендарниот поп и џез пејач Тони Бенет почина на 96-годишна возраст.

Бенет, познат по настапите со врвните пејачи од Френк Синатра до Лејди Гага, има продадено милиони плочи низ светот и во текот на својата кариера освои 20 Греми, вклучително и награда за животно дело, .


Еден од последните големи американски пејачи, Бенет го издаде својот прв албум во 1952 година кога беше во средината на дваесеттите години и беше на топ листите во САД во секоја следна деценија од својот живот.

Во 2016 година му беше дијагностицирана Алцхајмерова болест. Сепак, тој и тогаш се одликуваше со својот позитивен став и желба да се бори со оваа болест. Тој велеше: „Животот е подарок – дури и со Алцхајмерова болест“.

Тој продолжи да ги изведува своите последни настапи, заедно со Лејди Гага, дури и во напредната фаза на Алцхајмеровата болест.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK