Персоналот на Шведската амбасада во Багдад привремено се врати во Стокхолм

protest_kuran_3534534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Персоналот на шведската амбасада во Багдад привремено е вратен во земјата од безбедносни причини, соопшти денеска шведското Министерство за надворешни работи, ден по демонстрациите пред Амбасадата во Ирак.

„Безбедноста е приоритет. Персоналот (на амбасадата) пристигна во Шведска со редовен лет“, изјави за АФП неименуван портпарол на шведската дипломатија, пренесува Бета.


Земјите со мнозинско муслиманско население денеска го изразија своето незадоволство поради сквернавењето на Куранот во Шведска.

Ирачките власти синоќа соопштија дека ја протеруваат шведската амбасадорка во Багдад како одговор на повторното сквернавење на муслиманската света книга во Шведска.

Организатор е Салван Момика, бегалец од Ирак во Шведска. Тој искина и газеше страници од Куранот, што го направи и на 28 јуни пред најголемата џамија во Стокхолм за време на Курбан Бајрам, празник што го слават муслиманите ширум светот.

Тој инцидент потоа ги натера приврзаниците на верскиот водач и политичар Моктада Садр да упаднат во шведската амбасада во Багдад. Влегоа и останаа таму неколку минути пред да излезат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK