Просечната нето плата во мај 36 465 денари

pari_2432432432
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесува 36 465 денари и во однос на мај лани  е зголемена за 16,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (25.5  проценти), Стручни, научни и технички дејности (21.4  проценти) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (18.8  проценти).


Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Други услужни дејности (5.3 проценти), Стручни, научни и технички дејности (5 проценти) и Транспорт и складирање (4,3  проценти).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во мај 2023 година, изнесува 54 675 денари.

Владата по објавата на податците за  просечната нето плата во државата во соопштение наведе дека таа изнеусва рекордни 36 465 денари, односно дека зголемувањето во однос на мај лани е за 5 058 денари.

-Владините мерки даваат позитивни резултати и просечната нето плата во земјава континуирано расте и во услови на најголемата светска економско-енергетска криза. Наша цел е подобар стандард на граѓаните и подобро платени работни места. Платите на граѓаните и во иднина ќе растат, бидејќи сите владини политики се насочени кон подобрување на животниот стандард, наведуваат од Владата во соопштение.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK