Подгорица и Скопје со заедничка апликација за влез во Пејпал системот

pay_pal_3345443
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Црна Гора и Македонија заеднички ќе аплицираат за да бидат дел од онлајн системот за плаќање Пејпал (PayPal), беше соопштено   на седницата на црногорската Влада.

Министерот за јавна администрација Дукај Мараш рече дека претстои важна посета на Скопје поради што предложил предлог платформа за средба со македонскиот министер.



– Ова е многу важна посета, се работи за склучување на меморандумот на двете министерства на Црна Гора и Македонија со цел дигитализација и безбедност на информациите. Исто така, идеја е Црна Гора заедно со Македонија да аплицираат за PayPal, што беше предложено од самата компанија, рече тој.

Мараш информира дека Пејпал предложил двете земји заедно да аплицираат за да имаат поголеми шанси да станат дел од таа мрежа за онлајн плаќања, пренесуваат црногорските медиуми.

На Црна Гора во моментов и е овозможен PayPal трансфер на пари само во една насока, односно при плаќање на стоки и услуги преку Интернет. Добивањето пари преку оваа платформа сè уште не е можно, што претставува значајна бариера за сите оние кои планираат да работат онлајн.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK