– Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска оствари средба со делегацијата предводена од градоначалници, претседатели на реони и претставници на Германското здружение за развој во Молдавија.
Претставниците на делегацијата од Молдавија, како што соопштија од Општина Илинден ја посетија општината како позитивен пример во нашата држава, за економско развиена општина со голем број на инвестиции, која го поседува регионалниот сертификат за поволно деловно опкружување-BFC SEE.
Градоначалникот Георгиевски посочил дека покрај поволната геостратегиска положба на општината, за развојот на локалната самоуправа придонесува и исполнувањето на стандардите во работењето и реализирањето на општинските услуги кои ги овозможува општинската администрација во повеќе области. Воедно, со делегацијата била направена посета и на неколку локални економски зони, а се оствариле и контакти за понатамошна, идна заедничка соработка.
Градоначалникот, пред делегацијата ј а презентирал Општина Илинден и нејзините главни карактеристики, како и начинот и постапката на работење на локалната самоуправа во делот на создавање на поволна инвестициска клима. се вели во соопштението.