– Полициски службеници од ОВР Радовиш вчера го лишиле од слобода радовишанецот Т.Ј., во чиј дом пронашле дрога, муниција и оружје.
– При претрес извршен со судска наредба во дом и други простории во Радовиш, сопственост на Т.Ј., биле пронајдени бела прашкаста материја, метална дробилка со остатоци од растителна материја, 9 парчиња маневарска муниција и една пушка,кал.4,5мм, информира МВР.
Во куќата на Т.Ј., полицијата ја затекнала и В.М. од радовишко, која била повикана на службен разговор во полициска станица.
-Во координација со Јавен обвинител од ОЈО Радовиш, по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.