Приведен крадец од Струмица, расчистени три кривични дела

priveden
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полициски службеници од СВР Струмица вчера го лишиле од слобода Г.К.(40) од Струмица. Се сомничи дека во текот на денот извршил тешка кражба, при што од возилото на Д.Н. одзел паричник.

Како што соопшти денеска МВР, кај него бил пронајден паричникот и предмети од здравствена установа во село Водоча, струмичко, при што од Б.Ц. бил одземен личен предмет.


Пронајдените предмети биле вратени на сопствениците, а лицето e задржано во полициска станица и со него e извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, од МВР најавуваат соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK