Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Ѓорче Петров расчистија кривично дело разбојништво извршено на 4 август 2022 во продажен објект на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје.
-Во врска со случајот, на 5 август 2022 од слобода беа лишени Л.Ј., на кој му била одредена мерка притвор, и Ш.И., кој бил вратен во казнено-поправна установа каде издржувал затворска казна. Додека вчера од слобода бил лишен М.И.(19) од скопското село Крушопек и во неговиот дом бил извршен претрес со судска наредба, соопшти МВР..
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.