Вториот ден на Светското првенство за фудбалерки кое се одржува во Австралија и Нов Зеланд донесе три натпревари во кои Шпанија ја совлада Костарика, Швајцарија беше поуспешна од Филипини, додека Канада ремизираше со Нигерија.
Во натпреварот од првото коло во групата А, репрезентацијата на Швајцарија триумфираше над Филипини со головите на Рамона Бахман (45 минута) и Серана Пубел (64).
Стартна победа на женскиот Мундијал забележа и Шпанија, совладувајќи ја Костарика со 3-0 во Велингтон во воведниот натпревар од групата Ц. Стрелци на головите беа Дел Кампо (автогол, 21), Бонмати (23) и Гонзалес (27).
Во натпреварот од групата Б, Нигерија и Канада ремизираа без голови во Мелбурн.