Амстердам ги забрани бродовите за крстарење во градот

amsterdam
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градскиот совет на Амстердам донесе одлука да ги забрани бродовите за крстарење во центарот на главниот град во Холандија. Тоа значи дека средишното пристаниште за крстарење на реката Иј, близу Централната железничка станица во Амстердам, ќе се затвори. Градските власти тврдат дека бродовите за крстарење не се во согласност ни со стремежите за еколошката одржливост во градот.

„Бродовите за крстарење што ја загадуваат животната средина не се во согласност со амбициите за одржливост на нашиот град“, се вели во соопштението


Со ова, се надеваат, ќе се ограничи и бројот на посетители, па и така ќе се намали загадувањето. Градот уште во март почна со интернет-кампања каде што ги повика младите Британци кои размислуваат за ергенска забава во Амстердам – да престанат да доаѓаат.

Бродовите за крстарење станаа главен симбол на проблемот со прекумерниот туризам во холандската престолнина, а предлогот во Советот за преместување на пловилата помина со големо мнозинство при гласањето. Амстердам стана жртва на сопствената популарност. Околу 20 милиони посетители годишно доаѓаат во градот, надалеку познат како град на забавата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK