Нетанјаху тврди дека продолжува да се бара консензус за нацрт-законот за правосудството

netanjahu
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа рече дека напорите за постигнување консензус за нацрт-законот за судски реформи се во тек, пред неговото очекувано одобрување во парламентот следната недела, откако предизвика протести во земјата и странство.

Во понеделник се очекува пратениците да гласаат за првиот дел од ревизијата, таканаречениот предлог-закон за „разумност“, со кој ќе се спречи Врховниот суд да ги поништува одлуките или именувањата донесени од владата кои ги смета за „неразумни“.


Опозицискиот лидер Бени Ганц во средата повика на компромисни разговори предводени од израелскиот претседател.

– Навистина се надевам дека овие напори ќе успеат, но дури и ако не успеат, вратата на коалицијата секогаш ќе остане отворена, рече Нетанјаху.

Израелските демонстранти ги блокираа патиштата и јавниот превоз на масовни протести, а противење на планираниот закон, со кој на највисокиот суд ќе му се одземат голем дел од неговите овластувања изразија и бизнисмени, медицински експерти, академици и воени резервисти.

Поддржувачите на законот велат дека тој ќе ја врати рамнотежата во гранките на власта, додека противниците велат дека тој ги отстранува виталните контроли и рамнотежи.

Нетанјаху рече дека Израел „ќе продолжи да биде демократија“ и предупреди дека заканите од стотици резервисти да одбијат доброволна служба доколку законот биде прифатен се штетни за земјата.

Демонстрантите и вчера излегоа на улиците низ земјата, а во Тел Авив беа блокирани додека два главни патишта.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK