Рама побара од ЕУ да биде порешителна за што поскоро спроведување на договорот меѓу Косово и Србија

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Албанскиот премиер Еди Рама ја повика ЕУ да дејствува решително за да обезбеди што поскоро спроведување на основниот договор меѓу Косово и Србија, постигнат на 27 февруари во Брисел, напиша Рама на Твитер.

Албанскиот премиер истакна дека Северно Косово не треба да се претвори во мал Донбас и дека треба да се дејствува пред да биде предоцна.



„ЕУ мора да дејствува решително за да обезбеди брза имплементација на Основниот договор (меѓу Косово и Србија). Нашиот регион не може да стане заложник на непрестајната криза меѓу Косово и Србија. Не можеме ниту да дозволиме Северно Косово, каде што границата меѓу организираниот криминал и локалната политика е нејасна, да се претвори во мал Донбас поради ескалацијата поттикната од Русија, ниту пак дијалогот (Косово-Србија) да се претвори во игра на старобалканско обвинување поради недостаток на вистинска и силна волја од страна на инволвираните страни! Дискусиите се добри, но она што му треба на регионот е голем напредок пред да биде предоцна“, напиша Рама на Твитер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK