Киев: Ќе сметаме дека бродовите во руските пристаништа на Црното Море превезуваат воен товар

ukraina
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Украинското Министерство за одбрана денеска соопшти дека од утре, 21 јули, Украина ќе смета дека сите бродови што пловат низ Црното Море до руските пристаништа дека пренесуваат воен товар.

Во соопштението на украинското Министерство се наведува дека од денеска е забранета како опасна пловидбата во областите на североисточниот дел на Црното Море и Керченскиот теснец.


Претходно руското Министерство за одбрана објави дека од денеска сите бродови кои пловат низ Црното Море до украинските пристаништа се потенцијални носители на воен товар и соодветно на тоа се легитимни цели.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK