Прилеп нема проблеми со водоснабдувањето во жештините

prilep_23423333
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Во големите жештини, Прилеп нема проблеми со водоснабдувањето иако потрошувачката е зголемена за 40 проценти. Вода има доволно и е стабилна дарежливоста на изворот Студенчица. Во функција се и сопствените извори.

– Зголемена е потрошувачката. Особено во викендите. Во моментов градот располага со 337 литри вода во секунда. Стабилен е дотокот на вода. Ние, сепак, мора да бидеме подготвени на секаква ситуација и резервоарите да бидат функционални. Но, нема и не се очекува нарушено водоснабдување, вели Игор Гулабоски, директор на прилепски „Водовод и канализација“.


Одредените намалувања на дотокот во населби, Јавното претпријатие ги објаснува со интервенции на дефекти.

– Кога работиме на дефекти има одредено намалување на приливот на вода, но тоа е краткотрајно. Некои граѓани се жалат на заматеност. Но нема никакви проблеми, водата е исправна, нагласува Гулабоски.

Надлежните остануваат на апелот рационално да се троши водата за пиење.

Граѓаните ја користат секоја можност за разладување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK