Ноќни рестрикции на водата за пиење во Струга

voda
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Jавното претпријатие „Водовод и канализација“ воведува рестрикции со водата за пиење на територијата на општина Струга во периодот од 1 часот по полноќ до 6 часот наутро.







Таквата одлука, како што изјави за МИА директорот на претпријатието Дашмир Насуфи е поради злоупотреба на водата од водоснабдителниот систем во вечерните часови и затоа рестрикциите ќе бидат после полноќ. Ограничувањето, нагласи, ќе трае до стабилизирање на состојбата.

– Иако издашноста на изворите е висока, 471 литар во секунда, поради високите температури и големата злоупотреба на водата за пиење воведуваме рестрикции да не дојде до проблеми при водоснабдувањето, истакна Насуфи.

Тој најави дека комуналните инспектори во координација со полицијата од вечерва ќе продолжат со теренски контроли за откривање на слуачи на злоупотреба.

– За корисниците кај кои ќе се констатира злоупотреба на вода за пиење или незаконска употреба, ќе се преземат законски мерки согласно член 44 став I од Законот за снабдување со вода за пиење и одведубање на урбани отпадни води. Податоците на овие корисници, без да се прекрши Законот за заштита на личните податоци, ќе бидат објавени на веб-страницата на претпријатието, истакна Насуфи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK