– Најмалку 110 лица се повредени во летните бури во италијанската област Венето, изјави регионалниот гувернер Лука Џаја.
Жртвите имаат повреди предизвикани од скршено стакло, од паднати дрвја или од силниот град.
Италија и понатаму е зафатена од топлотниот бран. За денеска е објавен црвен аларм во 18 италијански градови – Анкона, Бари, Каљари, Кампобасо, Катанија, Чивитавекија, Фиренца, Фросиноне, Латина, Месина, Неапол, Палермо, Перуџа, Пескара, Реџо Калабрија, Риети, Рим и Витебро.
Тоа е трет топлотен бран во Италија од почетокот на летото.