Реакција од ДКСК на соопштението од ЈО за предметот „Труст“

dksk_234242343
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Се поставува прашањето како Јавното обвинителство (ЈО) ја оцени Иницијативата дека е беспредметна и неоснована и дека Комисијата при анализа на предметот немала пред себе бројни докази ниту увид во комплетната фактичка состојба, кога Иницијативата се уште не е доставена, а ЈО се уште нема сознанија кои доказни материјали сме ги обезбедиле при анализата на овој предмет, стои во реакцијата од Државна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) по повод соопштението од Јавното обвинителство (ЈО) во врска со сомневањата изнесени на јавна седница на ДКСК, за постапките кои се водени по предметот Труст.

Во духот на заедничка и организирана борба против корупцијата и организираниот криминал, наведува Антикорупциската комисија, целисходно е ЈО претходно да ги види сите факти и аргументи со кои располагаме, бидејќи целта на ДКСК е да придонесе при расветлувањето на овој случај, а не да ја компромитира постапката што се води во ЈО.


Според ДКСК, податоците кои беа изнесени на седницата, а која е задолжително јавна согласно член 22 став 3 од Законот за спречување корупција и судир на интереси, во најголем дел се веќе познати на јавноста, а тие извршиле нивна анализа и хронолошко поврзување.

ДКСК, додаваат, и во овој случај постапи согласно надлежноста утврдена во член 17 став 1 точка 5, и одлучи да покрене Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење по предметите по кои постапува.

– Меморандумот за соработка помеѓу институциите е само израз на добра волја за соработка, но надлежностите се јасно дефинирани во законите. ДКСК почитувајќи ги одредбите во Меморандумот за соработка на ДКСК со ЈО, на редовна средба го извести обвинителството дека има сериозни сомнежи во врска со предметот Труст и дека ќе покрене Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење, велат од ДКСК.

Од Антикорупциска најавија дека и понатаму ќе продолжи да постапува согласно своите законски надлежности и да соработува со сите надлежни институции за борба против корупцијата и организираниот криминал, во интерес на владеењето на правото.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK