– Почна изградбата на првото од вкупно четирите детски катчиња во Куманово, соопштија денеска надлежните. Во тек е изградба на катче кај локалитет „Водовод“, на „Октомвриска револуција“ а наскоро почнува изградбата на останатите во населбата „Гоце Делчев“ во близина на локалитетот „Кошеви“, на улица „Есперанто“ и во село Черкезе.
– Очекуваме изградбата да заврши наскоро на сите локации за да можат децата да уживаат. Размислуваме за повеќе начини за одржување по последниот вандалски инцидент со фонтаната „Батко Ѓорѓија“. Апелираме граѓаните од овие локации совесно да се грижат за урбаната опрема, изјави претседателската на советот, Ивана Ѓорѓиевска.
Општината од буџетот одвои 4.735.812 денари со вклучен данок на додадена вредност. На тендерот е избрана кумановската компанија „АРС ДИЗАЈН ДООЕЛ“.
Во Куманово има неколку детски катчиња, но урбаната опрема, речиси секаде е уништена, особено на градскиот кеј и кај Соколана.