Мицкоски: Ќе побараме јавна расправа за измените во законите за ДДВ, персоналниот данок на доход и данокот на солидарност, владата мора да ги земе предвид засегнатите страни за овие закони

mickoski_komora_34534534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Овие закони во парламентот дојдоа со повторна злоупотреба на европското знаме, можностите се ограничени, односно се лимитирани. А тоа значи дека дебатата би била на Комисијата за европски прашања лимитирана во рамките на три дена. Оваа злоупотреба веќе претставува и станува пракса на оваа влада, што е многу погрешно и спротивно на тоа знаме и на тие вредности кои ги злоупотебувале.

Денеска разговаравме и со претседателот на Стопанската комора во детали за сите овие три закони, данок на ДДВ, проширувањето на опфатот во самиот предлог закон за измена на законот за ДДВ, персоналниот данок и условно кажано данок за солидарност.


Во рамките на дискусијата што ја водевме предложивме, во понеделник на 24 јули е на дневен ред закажана Комисијата за европски прашања ќе побараме јавна расправа, бидејќи е добро јавноста да биде запознаена со аргументите од сите страни кои овие закони ги опфаќаат.

Очекуваме дека од страна на мнозинството во парламентот ќе биде прифатена оваа иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, да во рамките на следната недела имаме јавна расправа на која ќе можат стопанските комори, но и сите оние кои се погодени од носењето на овие закони, да дојдат и да го кажат својот став, своето мислење.

Не сме оптимисти, но се надеваме, дека ќе наиде на согласност од страна на мнозинството и тоа што ќе биде изнесено како теза на таа јавна расправа доколку се случи, тогаш министерството за финансии и владата ќе го земат предвид и ќе биде дел од нивните политики.

Во спротивно чувството на бизнисот но и нашиот став е дека компаниите кои се дисциплинирани и кои и досега ги плаќаат своите обврски и го полнат буџетот дополнително се оптоваруваат на сметка на оние компании кои не се дисциплинирани и се дел од сивата економија и не ги плаќаат своите обврски во буџетот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK