Проектот на МВР „Отворен кабинет“ реализиран и во СВР-Битола

spasovski_#45344344
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Министерот во Министерството за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска беше во посета на СВР-Битола, а во рамки на проектот „Отворен кабинет“ се сретна со повеќе битолчани од кои ги слушна нивните идеи и предлози за подобрување на безбедноста во заедницата во која живеат.

Според министерот Спасовски, проектот е воден од премисата дека партнерството помеѓу полицијата и граѓаните започнува во заедницата и токму на тој начин секој еден може да даде свој придонес во гарантирање на безбедноста на сите.


-Денеска имав средба и со раководството на СВР Битола и можам да констатирам дека вкупниот број на извршени кривични дела на подрачјето на СВР Битола во изминатите шест месеци, споредбено со истиот период лани, бележи намалување за 26 насто. Вкупната ефикасност на расчистување на кривичните дела изнесува 43 насто, што е за 8 проценти повеќе од лани. Според статистичките податоци, најголем број на кривичните дела се во областа на класичниот криминал, а за поздравување е податокот што само во Битола имаме намалување на бројот на евидентирани кривични дела за 51 насто, а ефикасноста е 47 насто, додека на подрачјето на целиот Сектор за внатрешни работи, вклучувајќи ги и Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод, имаме намалување на кривичните дела за 30 насто со ефикасност во расчистувањето од 43 насто, што само говори дека соработката на полицијата и граѓаните е сѐ подобра, а тоа придонесува за зголемена безбедност на заедницата, истакна Спасовски.

На прес конференција во СВР-Битола, министерот информира за зајакнати контроли за недозоволена трговија со дрога и оружје, како и други мерки на СВР-Битола.

-За тешките кражби е постигната ефикасност во расчистувањето за 39 насто, за кривичното дело „кражба“ ефикасноста е 67 насто, а за разбојништвата дури 140 насто. Зајакнати беа и контролите за недозволена трговија со дрога и оружје, па во првата половина од годината само на подрачјето на Битола поднесени се 36 кривични пријави против 48 сторители, што претставува зголемување за 67 насто, додека на подрачјето на целиот сектор зголемувањето е 3 насто. Во делот на сообраќајот вкупниот број на сообраќајни незгоди е во намалување за  9,7 проценти, а успешно се спроведени и оперативни акции од локален и регионален карактер, како што се оние за откривање на кривични дела за противзаконско складирање на отпад, вршење јавен превоз без лиценца, криумчарење на стока и илегална миграција, нелегална сеча на дрва, кои директно влијаат на безбедноста на заедницата, посочи Спасовски.

Министерот по средбите со граѓаните во рамки на „Отворен Кабинет“ во Битола, ќе го посети и Граничниот премин Меџитлија, каде што ќе остварам средба со раководството на Регионалниот центар за гранични работи Југ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK