– Почна реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „11 Ноември“ кон „Индустриска“ во кумановската населба Бедиње, соопштија денеска надлежните од одделението за комунални дејности. Реконструкцијата на водоводната мрежа е дел од годишната програма за реконструкција, одржување и изградба на мрежи на општината.
– Мрежата изградена во шеесеттите години од минатиот век за потребите на месното население и тогашните фабрики. Последниве години прилично е дотраена и речиси секојдневно се случуваа дефекти. Цевките беа од помал профил, сега со реконструираната мрежа очекуваме подобар, појак притисок, изјави помошникот раководител на одделението, Момчило Јовановски.
Според податоците на општината за реконструкцијата на мрежата одвоени се 2.530.856. 92 денари. На тендерот избрана е фирмата „РМК ГРАДБА АС ДООЕЛ“ од Студеничани.