Градоначалникот Муцунски и општина Аеродром казнети со 88.000 евра

mucunski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Инспекторатот за животна средина изрече парична казна за општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски во висина од 88.000 евра во денарска противвредност поради исфрлање на отпад на јавна површина, со што се загрозува животната средина и здравјето на граѓаните, соопшти прес-службата на Град Скопје.

Посочуваат дека општина Аеродром преку компанијата „Пирамид Билдинг” ангажирана на тендер, наместо на предвидената локација во ЈП „Дрисла” го исфрлала општинскиот отпад на зелена површина, во парк во близина на управната зграда на ФФМ на бул.АСНОМ со што направиле нова дива депонија.


– Рокот за подмирување на казната е осум  дена од денот на изрекувањето, во спротивно дополнително  ќе се наплати. Против сите прекршители ќе бидат поднесени и соодветни кривични пријави, се наведува во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK