Полицијата во Берлин, испрати предупредување дека голем грабливец, т.е. најверојатно лавица, е на слобода во предградијата на главниот град на Германија. Жителите беа предупредени да не ги напуштаат своите домови и да ги чуваат своите миленици во затворени простории.
– Не знаеме од каде дошла. Зоолошките градини, парковите за животни, циркусите и објектите за заштита на животните во областа не пријавиле исчезната лавица, изјави претставник на полицијата.
German police are asking people near Berlin to stay inside after a big cat, believed to be a lion, was seen pic.twitter.com/1tspcIikrQ
— BNO News (@BNONews) July 20, 2023
Според полицијата, хеликоптери се користат за потрага по животното во предградието Клајнмахнов и околнте подрачја што се наоѓаат на јужната периферија на Берлин. Само тоа предградие има околу 20.000 жители.