Десетици илјади Перуанци протестираа против претседателката Дина Болуарте

peruanci
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Десетици илјади демонстранти излегоа вчера на улиците на Перу на протест организиран од противниците на претседателката Дина Болуарте.

Полицијата презеде мерки против некои демонстранти, а уапсени се најмалку шест лица.



Мирните демонстранти поврзани со левичарските движења и синдикатите излегоа на улиците на главниот град Лима, додека неколку инциденти во кои беше вклучена полицијата беа регистрирани во еден од регионите на Андите каде и во минатото имало социјални конфликти.

– Сакаме правда, мир и спокојство, а Болуарте веднаш да си замине, изјави еден од демонстрантите во главниот град.

Многу Перуанци ја обвинуваат Болуарте и нејзините сојузници за незаконско отстранување и затворање на нејзиниот претходник Педро Кастиљо, што доведе до протести во март во кои загинаа 67 луѓе.

Според синоќешните извештаи, шест цивили и двајца полицајци биле повредени во судирите меѓу демонстрантите, кои фрлале камења и шишиња, и безбедносните сили кои употребиле солзавец, соопшти перуанскиот омбудсман.

– Протестите може да продолжат и утре, изјави перуанскиот министер за внатрешни работи Висенте Ромеро на прес-конференција. Тој го потврди притворот на шестмина демонстранти.

На протестите учествуваа околу 21.000 луѓе, рече Ромеро, но додаде дека некои луѓе учествувале за да извршат притисок за прашања кои не се поврзани со главните барања на демонстрантите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK