Промоција на „Сложувалка“ – прва стихозбирка на Васил Ханџиски

slozuvalka-Vasil H
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во кафе-книжарница ,,Буква” вечер од 20.30 часот ќе биде промовирана  првата стихозбирка на младиот поет Васил Ханџиски насловена  „Сложувалка“, во во издание на „ПНВ Публикации“.

Збирката поезија ќе ја промовира  Андреј Медиќ Лазаревски, кој во рецензијата вели дека дебитантската стихозбирка на Ханџиски е сложувалка од теми посветени на првите искуства на секој млад човек и дека е своевидна панорама на она што значи младоста.


-Првите љубови и разделби, првите средби со градските ликови, фрустрациите од општеството. Поделена во пет делови, стихозбирката „Сложувалка“ е рефлексија на љубовта, домот и неговото напуштање, градовите и луѓето во нив, странствувањето и осаменоста, љубовта кон девојката, но и кон ракијата. Авторот ги поставува стандардните младешки прашања поврзани со овие теми, се осврнува на личните чувства, но и во неколку наврати упатува критика кон ова „општество што тоне во бездна“, пишува Андреј Медиќ Лазаревски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK