Волонтери од Црвениот крст им делeа шишиња вода на прилепчани

crven_krst_3454353
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Волонтери од Црвениот крст, заедно со волонтери од Општината, денеска во центарот на Прилеп, на минувачите им делеа шишиња со вода и едукативни флаери „Како против топлотниот бран“. Ова активнот беше поради зголемената фреквенција луѓе на денешниот пазарен ден и како превенција од топлотниот бран.

Во акцијата учествуваше и прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.


– Ваквите и слични превентивни активности на Општината и на Цвениот крст ќе ги има и во наредниот период.Остануваат апелот и препораките кои ги упатувааат здравствените институции во Македонија да се  избегнува директната изложеност на сонце и прилепчани да го избегнат престојот на отворено во периодот од 11 до 17 часот, рече Јовчески, придружувајќи се на апелот.

За справување со жештините, градските власти ги активираа и ги ставија во функција и сите јавни 18 градски чешми – фонтани за граѓаните и жителите од населените места да ги користат за пиење и разладување.

Општината и сите јавни комунални претпријатија, почитувајќи ги одлуките за намалување на ризиците од високи температури, од 17 до 25 јули ги  ослободија од работното место  и најранливите групи: бремените жени и лицата на возраст над 60 години, со организирање онлајн работата, таму каде техничко-технолошкиот процес го овозможува тоа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK