Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест-музика и традиција“ во Битола

lokum_fest_5435443
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Со концерт на македонската етно група „Баклава“, во Битола почна најновото издание на „Локум фест-музика и традиција“.

Во рамки на фестивалот, вечер во Битола гостуваат „Елиас ладино ансамбл“ од САД, а ќе биде претставена и изложба на авентични фотографии од Архивот во Битола на тема „La Mahalle – Битот на нашата ладино заедница“ од авторите Димитар Ѓорѓиевски и м-р Ивана Хаџиевска .


Фестивалската приграма вечер ќе заврши со втор концерт кој ќе го приреди словенечкиот музичар со македонско потекло, Васко Атанасовски, кој ќе настапи со промоција на албумот „Мелем“. Специјален гостин на концертот е македонската пејачка Добрила Грашеска.

„Локум фест-музика и традиција“ се одржува со поддршка на  Општина Битола, Министерство за култура, Амбасадата на Република Словенија во Скопје, Генералниот конзулат на Република Грција во Битола, КИЦ Битола и Преда плус фондацијата MOST music.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK