Во Владата ќе биде потпишан новиот Општ колективен договор за јавниот сектор

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Во Владата на Република Северна Македонија денеска во 16:30 часот официјално ќе биде потпишан новиот Општ колективен договор за јавниот сектор од страна на министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов.

Како што најавија од владината прес-служба, на настанот ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, како и претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов.



По потпишување на договорот во Свечена сала, ќе се одржи прес- конференција во 17:00 часот на која изјави за медиумите ќе дадат вицепремиерот Битиќи, министрите Бесими и Тренчевска, како и претседателот на ССМ, Трендафилов.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK