Во Албанија полицијата за една недела уништила над 20 илјади стебла марихуана

marihuana_albanija_35353543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Во рамки на големата полициска операција „Чиста територија“, во која биле вклучени над 100 полициски службеници и шест дронови, во еден ден уништени се, со палење, 6.120 стебла марихуана, објави новиот министер за внатрешни работи, Таулант Бала.

-Признание до државната полиција за акцијата против одгледувањето наркотични растенија во подрачјата на Скадар, Малсија е Маде, Вау и Дејс, Лежа и Круја, каде беа уништени 6210 наркотични растенија. Очекуваме уште вакви успешни акции, наведува Бала на објава на социјалните мрежи.


Од почетокот на акцијата на целата теритрија на земјата уништени се десетици илјади садници и стебла, а само за една недела околу 20 илјади стебла марихуана.

По зачестените полициски акции, во последните години, производителите на марихуана почнаа да ги „запоседнуваат“ недостапните планиски предели, кои сега полицијата ги открива со помош на дронови.

Поради големото производство на марихуана Албанија и понатаму се смета за Колумбија на Балканот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK