Жителите на кумановско Романовце бараат подобрување на инфраструктурата околу железничкиот премин

zeleznicka_34534543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Жителите на кумановското село Романовце денеска повторно побараа подобрување на инфраструктурата околу железничкиот премин по вчерашната сообраќајна незгода помеѓу локомотива и патничко моторно возило во кое со повреди се здоби млада кумановка.

СВР Куманово денеска информираше дека вчера околу 15 часот кај нив било пријавено дека на железнички премин во село Романовце, се случила железничка незгода.


-Незгодата била помеѓу патничко моторно возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.М.(28) од Куманово и локомотива. Во незгодата со телесни повреди се здобила М.М. констатирани во Општа болница Куманово. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово, соопшти полицијата.

Жителите велат дека често се случуваат сообраќајни незгоди на овој премин. Тие во изјавата за медиумите побараа од надлежните да ја подобрат инфраструктурата на овој премин, бидејќи често се случуваат несреќи со трагични последици. За нив проблем е местоположбата на преминот, велат дека од сончевите зраци послабо се гледа сигналот и бараат соодветен премин. Особено стравуваат за помладите од селото.

Од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија-Скопје, велат дека постојано се на терен и се запознаени со тековната состојба на сите патни премини кои се во нивна надлежност и нагласуваат дека сите проблеми се решаваат тековно.

-Конкретниот патен премин е обезбеден со највисоко ниво на сигурносна опрема за потребите на месното население, согласно Законот за категоризација на патните премини, во согласност со кој овој патен премин е класифициран во патни премини со светлосна и звучна сигнализација и за истиот според категоријата се обезбедени сите потребни услови, велат од претпријатието.

Оттаму велат дека секогаш постои простор за подобрување од нивна страна, но, како што нагласуваат, сето тоа е врзано со обезбедување на финансиски средства кои се потребни за модернизација и осовременување на патните премини на територијата на земјава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK