МЗШВ во Брисел го почна објаснувачкиот скрининг за кластерот 5 – „Ресурси, земјоделство и кохезија“

zemjodelstvo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) го почна објаснувачкиот скрининг за кластерот 5 – „Ресурси, земјоделство и кохезија“ во Брисел. Како што соопшти, според скрининг агендата, македонската делегација ќе го следи објаснувачкиот скрининг до 20 јули.

Во состав на делегацијата се претставници од надлежните институции во областа – МЗШВ, Платежна агенција, Агенција за храна и ветеринарство и Државен инспекторат за земјоделство.



-Кластер 5 е еден од најважниот и најобемен кластер кој регулира 5 Поглавја од областа земјоделство и рурален развој, безбедност на храната, ветерина и фитосанитарна политика, рибарство, регионална политика и координација на структурните инструменти, како и финансиските и буџетски одредби. Над  шеесет проценти од целото законодавство на ЕУ припаѓа на Поглавје 11 – земјоделство и рурален развој, 12 – безбедност на храната, ветерина и фитосанитарна политика и 13 – рибарство, наведува МЗШВ.

Во текот на овие четири дена од објаснувачкиот скрининг за Кластер 5, експерти на Европската Комисија ги презентираат пред делегациите на Северна Македонија и Албанија новите директиви и регулативи од легислативата на ЕУ донесени после 2019 година. Со завршување на објаснувачкиот скрининг, МЗШВ го почна процесот на скринингот на европското законодавство и во  перидот октомври-ноември 2023 година ќе одржи билатерален состанок со Европската Комисија. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK