Русија тврди дека спречила напад со 28 беспилотни летала врз Крим

bespilotni letala, rusija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Русија тврди дека во раните утрински часови спречила напад со 28 украински беспилотни летала на Крим, јави Скај Њуз.

Руската воздушна одбрана уништи 17 беспилотни летала, а уште 11 беа пресретнати од системите за електронско војување, соопшти руското Министерство за одбрана, цитирано од британската телевизија.


Се додава дека „терористичкиот напад“ не нанел никаква штета или жртви.

Инцидентот се случува еден ден по нападот на мостот Керч на Крим, што предизвика сериозни штети и го прекина патничкиот сообраќај меѓу полуостровот и јужниот дел на Русија.

Руските власти тврди дека нападот бил извршен со украински поморски беспилотни летала, а во него загинаа две лица, додека едно дете е повредено.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK