Ескобар: Исходот од изборите ја засили желбата на граѓаните на Црна Гора за членство во ЕУ

eskobar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Исходот од парламентарните избори на 11 јуни ја засили желбата на граѓаните Црна Гора да се остварат европските интеграции и реформите што ќе ги унапредат, изјави специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, пренесе МИНА.

Како што пренесува порталот РТЦГ, Ескобар на сослушувањето за активностите на САД на Балканот во Комитетот за надворешни работи, истакна дека во Црна Гора гледаат нов моментум кон остварување на нејзината европска иднина.


-Неодамнешните претседателски и парламентарни избори беа слободни, мирни и им понудија на гласачите широк избор, рече Ескобар.

Тој додаде дека трансатлантските и европските интеграции се од суштинско значење за да се намали, како што рече, штетното влијание на актерите како Русија и Кина.

-Разбираме дека пречките се огромни – вклучувајќи го запрениот напредок во демократизацијата, корупцијата, зависноста од руската енергија, етнонационалистичката политика и штетното странско влијание и дезинформациите. Сепак, тие не се непремостливи, рече Ескобар.

Според него, Западен Балкан мора да ги преземе неопходните чекори за да се квалификува за членство во евроатлантската заедница, пренесе МИНА.

-Нашиот ангажман им помага да се борат против корупцијата и дезинформациите кои поттикнуваат подложност на злонамерно влијание од авторитарните држави како Русија и Кина, но и од лошите „домашни“ актери“, рече Ескобар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK