Израел го призна суверенитетот на Мароко над Западна Сахара

izrael-maroko
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израел го призна суверенитетот на Мароко над Западна Сахара и размислува за отворање конзулат на таа територија, соопшти кралската палата на Мароко.

Според извештаите, позицијата на Израел е изразена во писмо на премиерот Бенјамин Нетанјаху до кралот Мохамед Шести.


Ставот на Израел „ќе биде испратен до Обединетите нации, регионалните и меѓународните организации“, се вели во соопштението на кралската палата.

Досега 28 земји, главно африкански и арапски, отворија конзулати во Западна Сахара.

Мароко ја смета Западна Сахара за своја територија, но фронтот Полисарио, кој го поддржува Алжир, сака територијата да стане независна држава.

Во 2020 година, поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја призна власта на Мароко над Западна Сахара, во замена за делумно подобрување на односите меѓу Тел Авив и Рабат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK