Денеска во просториите на ВМРО-ДПМНЕ присуствуваа Министрите за Европа на Франција, Германија и Полска.
По средбата, на својот фејбук профил се огласи поптретседателот Александар Николоски.
“Денес на гости ни дојдоа три Министри за Европа на Франција, Германија и Полска.
Го споделија нивното гледиште.
Им се заблагодаривме и им кажавме – ДА за членството на Македонија во ЕУ, ама НЕ за уставни измени под Бугарски диктат.
Јасно, директно и достоинствено!” – напиша Николоски