Пацоли: Незаминувањето на Курти на лидерската средба во Тирана е радосна вест за Србија

pacoli
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лидерот на партијата Алијанса ново Косово (АКР), поранешниот претседател на државата, Беџет Пацоли смета дека незаминувањето на премиерот Албин Курти на балканската лидерска средба во Тирана, свикана од премиерот на Албанија, Еди Рама, е радосна вест за Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Пацоли преку својата страница на Фејсбук оцени дека одлуката на косовскиот премиер да ја одбие поканата од Рама за учество на подготвителната средба за наредниот самит на Берлинскиот процес, што ќе се држи во октомври во Тирана, е „најлошата можна вест за Косово во моментов“.


– Неучеството на Косово на подготвителната средба за наредниот Берлински самит, без оглед по чија вина, сега кога на негово чело е Албанија, е најлошата можна вест за Косово во моментов. Во фокусот на таа иницијатива е што побрзата интеграција на регионот во ЕУ и таму има многу олеснувања за Косово, со оглед дека Србија секогаш имаше одбивност кон учеството на Косово, напиша Пацоли.

Според поранешниот претседател на државата, кој извесно време беше и нејзин министер за надворешни работи, Владата на Косово и премиерот Курти се покажаа неодговорни со тоа што ја одбија поканата за учество на денешната средба во албанската престолнина.

– Неучеството на Косово ја радува многу Србија. Моето жалење е поради тоталниот недостиг на одговорност од Владата и премиерот, кои иако беа поканети, одбија без образложение, напиша Пацоли.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK