Руски воен тренажен авион Су-25 се урна во Азовското Море

ministerstvo za odbrana rusija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руски воен тренажен авион Су-25 се урна денеска во Азовското Море кај Јејск, соопштено е преку Телеграм каналот од Оперативниот штаб на Краснодарската територија.

Су-25 е оклопен, субсоничен борбен авион дизајниран за директна поддршка на копнените сили над бојното поле и уништување на објекти со дадени координати во сите временски услови, дење и ноќе.


„Околу 15 часот стигна информација дека авионот Су-25 се урнал во близина на брегот. Нема видливи оштетувања на леталото. Специјалисти на Министерството за одбрана и припадници на специјалните служби излегле на местото на несреќата“, се наведува во официјалното соопштение, пренесуваат руските медиуми.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK