Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, викендов учествуваше на Форумот за развој на политики „Карпестиот пат на демократизацијата на Балканот“ во Тирана, Албанија на покана и во организација на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), информираа од општина Куманово.
Во соопштението се наведува дека на форумот се разговарало за актуелните состојби и за предизвиците со кои се соочува регионот.
Во Тирана учествувале регионалниот директор на ИРИ за Европа Пол Мекарти, премиерот на Албанија Еди Рама, високи владини претставници од земјите во регионот, универзитетски професори, политички аналитичари, експерти, истражувачи и претставници на медиумите.