Украина го поместува православниот Божиќ од 7 јануари на 25 декември

ukraina_345234432234
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Украинскиот Парламент денеска гласаше за промена на датумот на православниот празник Божиќ од 7 јануари на 25 декември.

Целта на предлог-законот поднесен од претседателот Володимир Зеленски е „одвојување од руското наследство“.


Две од трите големи цркви со православен статус веќе одлучија да се сменат на Грегоријанскиот календар. Во 2017 година 25 декември е прогласен за неработен државен празник.

Најголемата украинска православна црква со долгогодишни врски со Москва допрва треба да ја коментира промената. Таа ги прославува празниците според јулијанскиот календар што го користи Русија.

Од руската анексија на Крим во 2014 година, Украина се обидува да ги прекине врските со своето советско и руско минато. Сеопфатната инвазија на Украина пред 16 месеци ги интензивираше тие напори.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK