Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска оствари проштална средба со австрискиот амбасадор Георг Вуцас и аташето на австриското Федерално Министерство за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи Харолд Фугер, на која главниот фокус беше на евроинтеграцијата на Република Северна Македонија и усогласувањето на законските регулативи со ЕУ – легислативата.
Како што соопшти МТСП, тие разговараа за успесите и плодната соработка на Австриската амбасада и Министерството за труд и социјална политика вклучувајќи го прашањето за згрижувачки семејства и социјалната заштита.
Тренчевска на крајот од средбата ја изрази својата благодарност кон амбасадорот и неговата посветена работа, која, според неа, даде придобивки на државата и на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
Министерката исто така му посака пријатни последни денови на амбасадорот во неговата функција во државата и големи успеси во наредните животни предизвици.
Вуцас на крајот од јули ја завршува неговата должност како амбасадорна Австрија во Република Северна Македонија.