Бајден идната недела ќе се сретне со израелскиот претседател Херцог

bajden
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Џо Бајден во вторник во Белата куќа ќе се сретне со израелскиот претседател Исак Херцог. Двајцата ќе разговараат за регионалната интеграција на Израел и за воените врски на Русија со Иран, јавија светските агенции, повикувајќи се на изјава на портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

„Бајден ќе ја нагласи важноста на нашите заеднички демократски вредности и ќе разговара за начините за постигнување еднакви мерки на слобода, просперитет и безбедност за Палестинците и Израелците“, се вели во соопштението.


Посетата на израелскиот претседател, чија улога е главно церемонијална, е во врска со одбележувањето на 75-годишнината од основањето на Израел во 1948 година. Херцог, исто така, е поканет да се обрати на заедничка седница на двата дома на американскиот Конгрес, кое е знак за посебна почит кон странски гостин.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK