Почнаа натпреварите на Балканското првенство во одбојка на песок во Штип


odbojka
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Почнаа натпреварите на Балканското првенство во одбојка на песок во спортско рекрекреативниот центар „Џексон“ во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека ова превентсво е одлична можност за сите љубители на спортот да уживаат во настаните закажани за овие три дена.

-Чест и задоволство е да се биде домаќин на пет репрезентации коишто во следните денови ќе настапуваат во спортскиот центар „Џексон“ на одбојка на песок, спектакл, нешто што штипската јавнност го заслужува, рече Јорданов.


Меѓународниот одбојкарски судија Никола Мицевски вели на превенството ќе се одиграат 32 натпревари во машка и женска конкуренција, ќе настапат 40 учесници од пет балкански држави, а натпреварите ќе ги судат локални судии. Мицевски ги покани сите во следните три дена да го посетат СРЦ „Џексон“ и да уживаат.

-Ги поканувам сите љубители на одбојката да дојдат следните три дена и да уживата. Одбојка на песок е спортска дисциплина која се развива многу повеќе за разлика од одбојка во сала, и токму затоа Штип викендов ќе биде епицентар на спортските случувања, вели Мицевски.

Свеченото отворање на Балканското првенство во одбојка на песок е закажано за вечерва, а финалните натпревари се закажани за во недела.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK