Генерал Мили: САД и сојузниците мора да ја забрзаат испораката на оружје за Тајван

mili
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

САД и нивните сојузници мора да ја забрзаат испораката на оружје за Тајван во наредните години за да му помогнат на островот да се одбрани, изјави денеска највисокиот американски генерал Марк Мили, пренесува Фена.

САД се најважниот снабдувач на оружје за Тајван.


Пекинг постојано повикуваше на прекин на американска продажба на оружје на Тајван, сметајќи го тоа како неоправдана поддршка за демократски управуваниот остров за кој Пекинг тврди дека полага право врз него.

-Брзината со која ние, САД или другите земји, му помагаме на Тајван да ги подобри своите одбранбени способности, мислам дека веројатно ќе треба да се забрза во годините што доаѓаат, изјави генералот Мили, претседавач со американскиот Здружен Генералштаб. за време на посетата на Токио.

Мили додаде дека на Тајван му треба оружје како што се системи за противвоздушна одбрана и оние што можат да гаѓаат бродови од копно.

-Мислам дека е важно војската на Тајван и нивните одбранбени способности да се подобрат, рече тој.

Тајван уште од минатата година се жали на доцнење во испораката на американско оружје, како што се противвоздушните ракети Стингер, бидејќи производителите ги пренасочувале пратките во Украина додека таа се бори со инвазивните руски сили.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK